На аеродромот во Трстеник, Србија, од 6 до 8 септември, се одржа шестиот меѓународен Бланик куп, натпревар во едриличарство кој годинава собра повеќе од 50 учесници од цела поранешна Југославија, како и од Русија, Украина, Полска, Бугарија, па дури и од Шведска.

Натпреварот се одржа во две категории: професионален со 38 натпреварувачи и мотивациски со 17 натпреварувачи, што го прави најмасовниот настан од ваков тип во регионот.

Во поединечен пласман во професионална категорија првото место го зазеде Марјан Ивановски од АК Штип, втор Слободан Ѓуровиќ од Трстеник и трет Ибрахим Топиќ од АК Бихаќ. Во мотивациската категорија првото место му припадна на Миодраг Јовановиќ, втор беше Никола Грујичиќ од Приједор и трет Дејан Нововиќ од Беран.

Најголемо внимание и воодушевување предизвикаа изведбата и акробатските елементи кои својот авион Цитабри ги изведе Јован Трајков, гостинот од Македонија, пренесува впечатоци порталот „Аеро“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.