Рускиот министер за спорт Олег Матицин смета дека изолацијата на рускиот спорт нема да трае долго. Сепак, доколку суспензијата потрае, тој најави организирање меѓународни натпревари во Русија.

– Ние се стремиме да го држиме спортот подалеку од влијанието на политиката и ќе инсистираме овие принципи да бидат доминантни во нашата заедница. Не треба да бидеме под влијание на привремени политички поделби. Санкциите од сите меѓународни федерации направија се за да ги спречат нашите спортисти да се натпреваруваат. Проблематично е да се зборува за настапот на нашата репрезентација на Олимпијадата во 2024 година. Ако видиме дека на нашите спортисти нема да им биде дозволено учество на Олимписките игри, ќе создадеме меѓународни натпревари во земјата, но не мислам дека оваа изолација ќе биде долга, изјави Матицин.

Министерот смета дека со отстранувањето на рускиот спорт од меѓународната арена и лишувањето од можноста да одржуваат натпревари, странците всушност си пукаат во сопствените нозе.

– Сигурен сум дека ќе видиме 100% зајакнување на националниот систем. Ова е време на можности, ги реформатираме нашите внатрешни натпревари. Бев во Калуга на рускиот куп во уметничка гимнастика, важно е олимписките шампиони да добијат поддршка во земјата. Таква поддршка не добија во странство, ова е огромен потенцијал за раст на спортот внатре во државата. Во август ќе има Спартакијада, ќе обезбедиме финансиска поддршка за овие натпревари, истакна министерот за спорт на Руската Федерација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.