Легендарниот коментатор Атанас Костовски е меѓу петмината добитници на годинешната државна награда „8 Септември“, која ја доделува Агенцијата за млади и спорт (АМС) согласно Законот за државни награди на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот.

Покрај него, признанија од државата ќе добијат Зоран Карановиќ, Стојан Андриевски и Ацо Јорданов.

Наградата за животно дело, пак, за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Македонија на меѓународен план се доделува на Чедо Николовски, поранешна боречка легенда.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.