Рафаел Надал го победи Новак Ѓоковиќ со што дојде дојде до титулата на овогодинешното издание на Ролан Гарос.

За најдобриот шпански тенисер ова е 13. славје на турнирот во Париз или севкупно 20 грен слем титула во кариерата со што се израмни со Рожер Федерер на врвот на оваа листа.

На Надал му беа потребни 15 години за да дојде до бројката од 20 триумфи на големите турнири, а се почна токму од отвореното првенство на Франција во 2005 година кога го совлада Маријано Пуера од Аргентина со 3-1 во сетови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.