Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, во четвртокот истакна дека спортските настани, вклучително и Олимписките игри во Токио во 2020 година, може да се организираат безбедно и успешно и без вакцина против корона вирус.

Сепак, Бах верува дека повеќе вакцини против вирусот треба да бидат објавени пред Олимписките игри, очекувајќи „стотици милиони дози да бидат достапни веќе во првата половина на следната година“.

Според него, има „многу охрабрувачки вести за развој на вакцина – и не само вакцина, туку и вакцини“.

Претходно, првиот човек на МОК тврдеше дека игрите во Токио треба да бидат „соодветни за посткоронскиот свет“, иако тој тврди дека Олимписките игри во Јапонија ќе бидат „најдобро подготвени“ во историјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.