Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека навивачите би можело да се вратат на стадионите на англиските премиерлигаши дури во октомври.

Навивачи на стадионите во Англија има само во картонска форма или нивните ликови се емитуваат преку апликацијата „Зум“. На трибините седат резервните играчи на тимовите како би држеле социјална дистанца.

Ќе го тестираме собирањето на стадионите со цел од есен да може да дозволиме влез на гледачи. Од октомври имаме намера да дозволиме луѓето да влегуваат на стадион. Ова мора да се направи на безбеден начин, изјави во петокот британскиот премиер Борис Џонсон.

Освен фудбал во Велика Британија се игра и голф, крикет, снукер, а се одржуваат и коњички трки, секако без гледачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.