На официјалниот јутјуб-канал на Кошаркарската федерација (КФСМ), кој во живо ги пренесува првенствените натпревари од Првата македонска кошаркарска лига, се појавија интересни коментари на натпреварот од 11. коло меѓу Еуро Никел од Кавадарци и ТФТ од скопски Карпош, забележа екипата на „Екипа“.

Браво судии. Ако треба да победи ТФТ кажете да не се мачиме сите овде… Нарачано од Скопје. Скопските судии си ја бркаат работата, и сега шо сакате вие бунете се, шо сакате правете…. Господата од Скопје не судат тоа што треба затоа што станува збор за нивна, скопска екипа. Се прашувам зошто скопјани не си направат нивна скопска лига па да си играат самите, беа дел од коментарите за време на видеопреносот во живо на официјалниот канал на КФСМ.

Видеото погледнете го на „Екипа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.