Кошаркарската федерација на Северна Македонија денеска соопшти дека е донесена одлука за завршување на Првата лига во машка конкуренција без да се прогласи шампион.

Одлуката со убедливо мнозинство поминала на гласањето на Управниот одбор.

Нема да има испаѓање во понизок ранг, додека две екипи од Втората лига ќе бидат нови прволигаши следната сезона.

Останува да се види реакцијата на лидерот на табелата до прекинот на првенство, тимот на МЗТ Скопје Аеродром, кој најави напуштање лигата при ваков епилог. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.