Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски ќе го напушти германскиот тим Олденбург, објавија од клубот на својата веб-страна.

Војдан помина само една сезона во бундеслигашот, кој лани заврши на третото место на табелата, а на негово место веќе е ангажиран Американецот Кевин Меклејн.

Стојановски претходно настапуваше за Бујукчекмеџе, Реал Бетис, МораБанк Андора, Алба Берлин, Шахтер Доњецк и Черкеши Медведи, а се уште нема информации каде ќе ја продолжи својата кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.