Легендарниот српски кошаркар, Владе Дивац оваа година ќе влезе во Куќата на славните во Спрингфилд. Дивац ќе стане четврти Србин во Куќата на славните, по Александар Николиќ, Бора Станковиќ и Дражен Далипагиќ.

Од територијата на поранешна Југославија, членовите на Куќата на славните се Крешимир Ќосиќ, Дражен Петровиќ, Мирко Новосел и Дино Раџа.

Дивац е роден во Пријепоље, играше за Слога од Краљево и Партизан пред да замине во НБА и да настапува за Лос Анџелес Лејкерс, Шарлот и Сакраменто.

Со националниот тим освои бројни медали, вклучувајќи ги и титулите светски и европски шампион, како и две олимписки сребра.

Кандидатот за влез во кошаркарската Куќа на славните од регионот на поранешна Југославија оваа година е и прославениот тренер Богдан Тањевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.