Новиот кошаркар на ЛА Лејкерс, Расел Вестбрук, за време на прес -конференцијата при неговото претставување во тимот, порача дека неговата задача во новиот тим ќе биде да ги направи соиграчите подобри.

Ова ќе биде моја 14. сезона во НБА-лигата. Секоја година се обидувам да најдам начин да се трансформирам и да ги направам моите соиграчи подобри. Ентони Дејвис и Леброн Џејмс се мои пријатели. И јас, како нивни соиграч, морам да ја трансформирам нивната игра. Ќе го сторат тие истото за мене – изјави Вестбрук.

Триесет и двегодишниот Вестбрук е најдобриот играч во историјата на НБА по бројот на остварени трипл-дабл во кариерата (184). Тој беше прогласен за МВП на сезоната 2016/17.

Минатата сезона Вестбрук одигра 65 натпревари и имаше просек од 22,2 поени, 11,7 асистенции и 11,5 скокови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.