Вечното дерби на македонската кошарка, одиграно во рамките на 17 коло, им припадна на МЗТ. Екипата од Аеродорм во салата „Градски Парк“ го победи Работнички 74-70.

Слично како и во есенскиот дел од сезоната и оваа пресметка на вечните ривали донесе голема борба и неизвесност околу победникот до самиот крај на мечот.

На крајот МЗТ ја искористи доминацијата во скокот, Работнички играше без Кирил Николовски и поголемиот избор на играчи, бидејќи домаќинот мечот го играше со седум кошаркари.

Иако МЗТ имаа двоцифрена предност во третата четвртина (49:37), ветеранот Мираковски со три тројки ја врати неизвесноста во натпреварот. На крајот клучна се покажа тројката на Соколов со која МЗТ се одвоија од противниците на шест поени (65:59).

Високите играчи на МЗТ, Иве Иванов и Предраг Самарџиски комбинираа 38 поени и 25 скока. Хрватот Иванов забележа 22 поени и 9 скока, а поранешниот македонски репрезентативец имаше 16 поени и исто толку скока.

На спортивната страна дабл-дабл имаше Мираковски (18 поени, 10 асистенции).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.