Дуелот меѓу украинските екипи Одеса и Термопил требало да биде само еден вообичаен контролен дуел. Но, неочекувано во еден миг од последната четвртина средбата добила многу поинаков тек.

Инцидентот се случил кога по еден дуел центарот на Термопил ненамерно го закачил во пределот на главата еден од противничките кошаркари.

Веднаш реагирал еден од Американците во таборот на Одеса, по што започнала вистинска бркотница по теренот, во која за само неколку секунди се вклучиле и сите кошаркари од двете екипи.

Во еден момент цел тим на Термопил тргна да го тепа воинствениот Американец од редовите на Одеса, кој за среќа сепак успешно бега по теренот се додека раководствата на двете екипи на ја смируваат состојбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.