Кошаркарите на Кливленд Кавалирс ноќеска полесно од очекувањата го победија Торонто со 126:101, а колку гостите беа исфрустрирани од случувањата на теренот покажува реакцијата на Серж Ибака кој одлучи правдата да ја истера со тупаници.

Во финишот на третата четвртина, Ибака по еден дуел со Маркис Крис заврши на паркетот и тргна да физички да се пресмета со играчот на Кливленд. Двајцата играчи веднаш се најдоа во „клинч“, си поделија по некој удар пред да бидат раздвоени од соиграчите.

Судиите ги исклучија играчите, а интересно е што ова е трет случај сезонава Серж Ибака да влезе во пресметка со противнички играчи. Тој поради повторениот прекршок најверојатно ќе биде казнет со три до пет меча неиграње кои ќе го чинат околу 150.000 долари од натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.