Екипата на Торонто репторс ја забележа првата победа во новата сезона во НБА лигата. Репторси, кои како домаќини играат во Тампа на Флорида поради здравствените мерки и отежнатото преминување на границата со Канада, го совладаа Њујорк со резултат 100:83.

Предводници на Торонто беа припадниците на бековскиот тандем, Фред ван Флит (25 поени) и Кајл Лаури (20 поени), кои одлично го неутрализираа отсуството на најдобриот играч на Торонто Паскал Сијакам.

Кај Њујорк, четири кошаркари постигнаа двоцифрен број поени. Џулиус Ренд и Кевин Нокс по 16, Елфрид Пејтон 14, а РЏ Берет 12 поени.

Резултати на останатите натпревари:

Индијана – Кливленд  119:99

Вашингтон – Чикаго  130:133

Орландо – Филаделфија  92:116

Хјустон – Сакраменто  122:119

Оклахома сити – Њу Орлеанс  80:113

Јута – Феникс  95:106

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.