Eкспедицијата на ТФТ пристигна во Краснојарск, по повеќе од 30 часа од заминувањето од Скопје.

Кошаркарите и стручниот штаб добија малку време за одмор, по што го одржаа првиот полесен тренинг, колку да го почувствуваат паркетот во арената Север каде ќе се одржат квалификациските натпревари за пласман во ФИБА Европа Купот.

Според информациите, до моментов во Краснојарск е пристигнат само тимот на Натуртекс Сегед кој е прв ривал на ТФТ во квалификациите.

Нивниот дуел е на програмата во вторник во 14:30 часот по средноевропско време, а победникот се среќава со Меди Бајројт. Германците, како и Хапоел Хаифа се очекува да пристигнат во текот на утрешниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.