Поранешниот кошаркар Миленко Савовиќ почина на 61 година. Савовиќ беше примен во болницата пред околу еден месец по проблеми предизвикани од коронавирусот, а понатамошните компликации доведоа до негова смрт. Миленко Савовиќ е роден во 1960 година во Требиње, а почина во неговиот роден град.

Кариерата ја започна во Партизан во 1977 година. Тој играше за црно-белите 12 сезони и беше капитен и миленик на навивачите.

По Партизан, Миленко играше за Гранада и Војводина, каде ја и заврши кариерата. Со Партизан, тој беше шампион на Југославија три пати, освои три Купа Радивоје Корач и два Купа на СФРЈ.

Инаку, Миленко беше и вицешампион на Европа со репрезентацијата на Југославија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.