Денвер нагетс се избори за мајсторка во серијата со Лос Анџелес клиперс во конференциското полуфинале од НБА плејофот.

Најзаслужен за вечерашната победа со 111:98 (26:34, 21:29, 30:16, 34:19) на Денвер беше Никола Јокиќ со 34 поени и 14 скока.

Сега резултатот е 3-3 во серијата прв до четири победи.

Седмиот меч кој ќе го реши патникот во финалето на Западната конференција е закажан за 16 септември.

Прв финалист на Запад е Лос Анџелес лејкерс.

Во финалето на Исток ќе се сретнат Бостон и Мајами

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.