Двократниот МВП во НБА лигата, Стеф Кари, ја „истури“ својата фрустрација врз ЛА Клиперс, откако на 9.08 до крајот на натпреварот доби техничка грешка за реакција по недосуден фаул. . Кари постигна 11 од своите вкупно 33 поени по техничката грешка, со што го предводеше Голден Стејт до победа од 105:90.

Судиската одлука дефинитивно ме мотивираше и успоеав таа дополнителна енергија да ја насочам кон полнење на противничкиот кош – изјави Кари, кој имаше и, рекордни сезонава, шест украдени топки, покрај шесте асистенции и петте скокови.

Ото Портер додаде 18 поени и 10 скокови, а Џордан Пул постигна 17 поени.

За „воините“ ова е седма победа по ред, со што со скор од 18 победи и два пораза се на првото место во лигата. Ним им претстојат два дуела едноподруго против Феникс, кој со скор од 17 победи и три порази е веднаш зад ниов во битката за лидерската позиција во НБА.

Во редовите на Клиперси, најефикасен беше Пол Џорџ со 30, додека Ерик Бледсо и Маркус Морис постигнаа по 13 поени.

Резултати од останатите натпревари:

Индијана – Милвоки  100:118

Торонто – Бостон  97:109

Мемфис – Сакраменто  128:101

ЛА Лејкерс – Детроит  110:106

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.