Поранешниот сопственик, а сега почесен претседател на актуелниот европски ракометен шампион Вардар Михјало Михајловски од први јуни ќе го презеде клубот, објави „Спорт 1“. со императив да го одржи високото ниво.

Човекот кој го менаџираше Вардар околу две децении пред да му го предаде на Сергеј Самсоненко сега се враќа на својата голема љубов. Михајловски ги потврди шпекулациите и отворено потврди дека го презема Вардар со амбиции да го чува неговото реноме и во регионот и во Европа.

Сега сме во фаза на предлог-договор и би требало најкасно до 1 јуни да се преземе клубот. Клубот ќе биде преземен без долгови, Сергеј ќе си ги регулира претходните долгови на играчите. Јас веќе имав состанок со играчите и кажано им е дека ќе сториме сè за да привлечеме партнери кои ќе ни помогнат да го одржиме клубот на високо ниво, изјави Михајловски за „Спорт 1“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.