Вчера во рамките на 22-то коло од Втората македонската кошаркарска лига, во спортската сала во Чаир се сретнале екипите на “Чаир 2030” и “Тетекс”.

Натпреварот завршил со победа на домаќинот од 81:74, но гостинската екипа од Тетово на социјалните мрежи се пожали дека нивните играчи биле линчувани, плукани и гаѓани со лименки на теренот.

“….КАТАСТРОФА ВО ЧАИР….
Нашата екипа беше донесена со полиција во Чаир, присуство од 50 полицајци+специјалци така бевмо и извадени од сала во полициски возила за да не бидеме линчувани во Чаир, навивачите не пцуеја на секаква основа пљукани, гаѓани со лименке плус играчите во терен удираја со све живо и диво по нас, КАТАСТРОФА … БРУКА е ЧАИР воопшто да играат кошарка, и дали Чаир е во Македонија е прашање големо,мие се осетивмо како да не сме во Македонија .. ЖАЛНО …црн ден за кошарката во МАКЕДОНИЈА”, напишаа од Кошаркарскиот клуб “Тетекс” на нивната Фејсбук фан страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.