Во натпреварот од 2. коло од втората групна фаза на кошаркарскиот Мундијал во Кина, репрезентацијата на Шпанија попладнево ја победи Италија со 67-60 (18-18, 12-13, 20-17, 17-12 по четвртини).

По овој триумф, Шпанците обезбедија учество во елиминациската фаза, додека Италија остана без пласман во четвртфиналето.

Табела Ј-група:

1.Србија – 8 бода
2.Шпанија – 8
3.Италија – 6
4.Порторико – 6.

Покрај Шпанија, во следната фаза од Светското првенство ќе оди и Србија која денеска го совлада Порторико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.