Екипата на Феникс санс славеше на гости кај Денвер нагетс со 106:103 со што дојдоа до најдобар скор во НБА лигата. „Сонцата“ имаат пет победи и еден пораз со што највуваат дека сезонава ќе бидат сериозен кандидат да ја прекинат серијата од 10 сезони без настап во плејофот.

Клучен за триумфот на Феникс беше Крис Пол, кој во последните 7,3 секунди, во два напада, без грешка реализира кош и две слободни фрлања за обезбедување на минималното, но доволно за трумф водство. На крајот на мечот, Пол имаше статистичка линија од 21 поен, шест асистенции и пет скокови.

Одлични во редовите на Феникс беа и Девин Букер и Деандре Ејтон со по 22 поени, на кои Ејтон додаде и 11 скокови и две блокади.

Кај Денвер, кој со овој пораз е на дното од Западната конференција со скор 1-4, најдобра партија пружи Џамал Мари,. кој постигна 31 поен, како и Никола Јокиќ, кој и покрај проблемите со личните грешки, остана на еден скок до нов трипл-дабл. За 29,5 минути игра, српскиот центар имаше 17 поени, 11 асистенции и девет скокови.

Резултати на останатите натпревари:

Шарлот – Мемфис  93:108

Детроит – Бостон  96:93

Далас – Мајами  93:83

Бруклин – Атланта  96-114

Милвоки – Чикаго  126:96

Минесота – Вашингтон  109:130

Сан Антонио – ЛА Лејкерс  103:109

Јута – ЛА Клиперс  106:100

Голден Стејт – Портланд  98:123

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.