Феникс санс оствари убедлив триумф од 106:86 над Мајами хит со што продолжува да врши притисок врз Јута џез за првата позиција во Западната конференција, но и во целата НБА. Со скор од 39-15, „сонцата“ имаат само еден пораз повеќе од „џезерите“ коишто се на врвот со ефект од 41-14.

Мајами беше на ниво на противникот само во првата четвртина која ја заврши со предност од осум поени (34:26). Сепак, кошаркарите во продолжение заиграа одлично па ги добија сите преостанати четвртини (30:16, 27:22, 23:14).

Деандре Ејтон со 19 поени и 13 скокови беше предводник на Феникс, додека кај Мајами, најпрецизен беше Џими Батлер со 18 постигнати поени.

Резултати од останатите натпревари:

Минесота – Бруклин  97:127

Индијана – ЛА Клиперс  115:126

Торонто – Атланта  103:108

Шарлот – ЛА Лејкерс  93:101

Јута – Оклахома сити  106:96

Портланд – Бостон  115:116

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.