Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ се осврна на победата остварена ноќеска со тројка постигната со звукот на сирената на мечот со Мемефис гризлис (114:113).

Бев многу изненаден кога топката мина низ обрачот. Не без среќа. Откако погодив ги доживеав најдобрите емоции, едноставно најдобрите. Понекогаш ќе погодите во овие ситуации, но понекогаш ќе има и промашувања. Ова е важно да се разбере, ова е најважната работа. Ако тимот ми верува во такви моменти, јас ќе продолжам да работам на тоа – изјави Дончиќ.

За словенечкиот репрезентативец ова е четврти удар од далечина во неговата НБА кариера во последните пет секунди од последната четвртина или во продолженија, по што на тимот му донесе или победа или изедначување на резултатот.

Резултати од синоќешните натпревари

Филаделфија – Бруклин  123:117

Шарлот – Кливленд  90:103

Торонто – Сан Антонио  117:112

Њу Орлеанс – Њујорк  106:116

Чикаго – Орландо  106:115

Детроит – ЛА Клиперс  98:100

Хјустон – Индијана  124:132

Оклахома сити – Голден Стејт  109:147

Мемфис – Далас  113:114

Денвер – Мајами  123:106

Сакраменто – Вашингтон  111:123

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.