Екипата на Денвер нагетс обезбеди учество во разигрувањето за титулата во НБА-лигата и покрај поразот од Лос Анџелес лејкерс ноќеска на гостински терен со 93:89.

Поразот на Портланд од Атланта (114:123) му обезбеди на Денвер едно од првите шест места во Западната конференција.

Нагетс ја прекинаа серијата од пет победи по ред, но го задржаа третото место во  конференцијата со резултат 43-22 (победи-порази). Клиперси се на четвртата линија со ист ефект. Лејкерси се искачија на петтото место (37-28).

До сега, пласман во плејофот на најсилната кошаркарска лига на светот обезбедија: Јута, Феникс, Денвер, Клиперс (на Запад), Филаделфија, Бруклин (на Исток).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.