Трикратниот европски првак Шпанија ќе го игра своето десетто финале на Европските првенства после вечерашната победа против Германија во второто полуфинале со 96-91, па „црвената фурија“ закажа пресметка со Франција во недела за европскиот трон, што ќе биде реприза на финалето од 2011 година во Литванија.

Лоренцо Браун со 29 поени и шест асистенции беше предводник на Шпанците, од кои 11 во последната четвртина, а Вили Ернангомез даде 14 поени, додека Хуанчо Ернангомез додаде 11.

Кај Германија, блескаше Денис Шредер со 30 поени и осум асистенции, но НБА ѕвездата беше претивок во последната четвртина во која даде само два поени. Обст и Вагнер погодија по 15 поени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.