Истрагата за хеликоптерската несреќа во која загинаа Коби Брајант и уште осум лица се уште не е завршена, но семејството на пилотот Ара Зобајан се јави со изјава со која вината за страшната трагедија ја префрли кон патниците во хеликоптерот.

Трагедијата е резултат на неодговорноста на патниците. Тие биле свесни за ризикот и опасноста, но сепак одлучиле да полетаат. Временските услови не биле погодни за лет, но патниците се тие кои инсистирале. Токму затоа, пилотот не може да биде виновен за оваа ужасна несреќа“, истакнуваат од семејството на Зобајан.

Сопругата на Коби, Ванеса Брајант, реши да покрене тужба против хеликоптерската компанија, наведувајќи дека пилотот најмен од компанијата е одговорен за трагедијата бидејќи погрешно ги проценил временските услови и кога веќе увидел дека не може да лета, не го приземјил хеликоптерот непосредно по полетувањето.

Сепак, најблиските на Зобајан, кој имаше децениско искуство на вакви комерцијални летови со хеликоптер, сметаат дека вината треба да се бара кај Брајант и останатите патници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.