На тестирањата во пресрет на новата сезона од НБА, дури 48 кошаркари излегоа позитивни на ковид-19.

Новата НБА сезона треба да почне на 22 декември, па веќе се организираат масовни тестирања на кошаркарите.

Во периодот од 24 до 30 ноември тестирани се 546 кошаркари, од кои 48 биле позитивни на ковид-19. Оние кои се позитивни одат во изолација до негативен тест.

За разлика од завршницата на минатата сезона која се играше во „балон“ во Дизниленд, новата сезона ќе се игра регуларно во салите на тимовите, но без публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.