Голем број на американски медиуми синоќа јавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од „Лејкерс“, Рик Фокс.

Репортерот Џаред Гринберг на „Твитер“ објави дека станува збор за лажна вест.

Лично разговарав со Рик Фокс преку пораки по веста дека загинал Коби. Ве молам прекинете да ширите ‘вести’ освен ако не ви се потврдени, напиша тој.

Рик (50) играше во „Бостoн Селтикс“ од 1991 до 1997 година, а потоа играше за Лејкерс до 2004 година кога се пензионира.

Брајант и сопатниците патувале на младински кошаркарски турнир. Помеѓу нив биле и ќерката на Брајант, Џијана, бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса, која играла во ист тим со Џијана. Покрај пилотот, загина и Кристина Мозер, асистентка на Брајант во спортката академија „Мамба“. Се чека потврда на идентификација за преостанатите две жртви во несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.