Бредли Бил постигна рекордни во кариерата 60 поени, но ни тоа не беше доволно за Вашингтон да избегне пораз од Филаделфија, која славеше на домашен терен со 141:136.

Бекот на Вашингот од самиот старт почна да го полни кошот на Филаделфија. Пвото полувреме го аврши со 32 поени, а го надмина својот личен рекорд уште по три четвртини кога имаше 57 поени. Истовремено, со постигнатите 60 поени, Бил го изедначи клупскит рекорд што досега го држеше Гилберт Аренас, кој постигна 60 поени во победата во продолжение против ЛА Лејкерс на 17 декември 2006 година.

Сепак, одличната игра на Бил не беше доволна да се надмине тоа што Вашингтон им дозволи на кошаркарите на Филаделфија да имаат речиси 62-процентна прецизност на своите шутеви. Само во првото полувреме, Вашингтон прими 82 поени, а Филаделфија имаше шестмина со двоцифрен учинок, од кои најефикасни беа Џоел Ембид со 38 и Сет Кари со 28 поени.

Резултати на останатите натпревари

Индијана – Хјустон  114:107

Орландо – Кливленд  105:94

Атланта – Шарлот  94:102

Мајами – Бостон  105:107

Њујорк – Јута  112:100

Милвоки – Детроит  130:115

Њу Орлеанс – Оклахома Сити  110:111

Феникс – Торонто  123:115

Сакраменто – Чикаго  128:124

Голден Стејт – ЛА Клиперс  101:108

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.