Кошаркарите на Работнички победнички ја почнаа 2019 година, откако во вечерашниот последен меч од 12. коло убедливо го совладаа АВ Охрид (96-54) и избија на чело на табелата во Првата лига.

Центарци беа далеку поквалитетен противник и покрај тоа што настапија без двајца стартери, Ѓорѓи Чековски и Димитар Караџовски, без никакви проблеми дојдоа до десеттата победа сезонава на домашен терен. Разликата се зголемуваше од минута во минута, за највисоки плус 42 на самиот крај од средбата.

Марјан Јанески со 24 поени (4/7 за тројка) беше најдобар кај Работнички, каде што двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Кирил Николовски со 18, Бобан Стајиќ и Бојан Крстевски со 15 и Чавдар Костов со 14 поени. Стефан Младеновиќ со 14 поени беше најефикасен кај охриѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.