Првите патики на Мајкл Џордан се продадени за рекордна цена за обувки на аукцијата која ја организираше „Сотби“.

Патиките од серијата „Nike Air Ships“, Џордан ги носел на натпреварот против Денвер Нагетс на 1ноември 1984 година.

По завршувањето на натпреварот, Џордан патиките му ги подарил на едно од момчињата кои биле задолжени да ги собираат топките и да го бришат паркетот.

„Сотби“, објави дека патиките биле продадени во Лас Вегас, за сума од 1.472.000 долари.

Предметите кои биле во сопственост на Мајкл Џордан, за многумина најдобриот играч во историјата на кошарката, се најбарани кај колекционерите.

Патики кои Џордан го носел во 1985 година, од серијата „Nike Air Jordan 1 High“, во август минатата година, беа продадени за 615.000 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.