Два дена по несреќата се пронајдени телата на сите девет лица кои загинаа во хеликоперската несреќа во која животот го загуби НБА-ѕвездата и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Коби Брајант.

Вчера официјални лица потврдија дека се пронајдени телата на тројца од настраданите, а денес информираа дека екипите ги пронашле телата на сите жртви во несреќата.

Истражителите активно работат на идентификација на пронајдените тела на местото на падот на хеликоптерот. Во тек е обдукција на телата.“ – потврдија официјални лица.

Службата за безбедност во сообраќајот на Калабасас, местото каде се урна хеликоптерот ја објави првата официјална снимка.

Во хеликоптерската несреќа која се случи во неделата (26.01) животот го загубија по Коби Брајант (41), неговата ќерка Џиана (13), бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерката Алиса која заедно со Џиана тренирала во „Мамба академијата“, Кристина Маузер која ги тренирала девојчињата и работела во Академијата, Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон (13) и пилотот Ара Зобајан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.