По три и пол годишна пауза, Предраг Самарџиски повторно ќе го облече дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша договор со тимот со важност до крајот на сезонава, соопштија од клубот од Аеродром.

Центарот настапуваше за „металците“ во сезоната 2014/15 во која дојде до шампионската титула. Тој минатите две сезони беше кошаркар на Мега Лекс, додека во „Јане Сандански“ доаѓа како слободен агент и се очекува да ја пополни празнината во рекетот поради подолгото отсуство на Љубомир Младеновски.

Самарџиски кариерата ја почна во екипата на Водњански лисици, а потоа замина во белградски Партизан. Досега има играно уште и за екипите на ФМП, Црвена звезда, Литвос Ритас, Олин Едирне, Мерсин, ТЕД Анкара и Бујукчекмече.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.