Тони Кукоч е најдобар европски кошаркар на сите времиња според Мајкл Џордан. Легендата на Чикаго Булс го истакна личниот избор по новинарско прашање за време на мечот меѓу Милвоки и Шарлот во Париз.

– Тони Кукоч е број еден. Сите знаеме зошто. Што се однесува до Петровиќ и Новцки, тие оставија длабока трага. За одговор на ова прашање е потребна повеќе од една прес конференција. Ќе мора да ја „прочешлам“ целата листа на големи играчи во НБА лигата, рече Џордан.

Новинарите побараа мислење и за споредбите меѓу него и Леброн Џејмс на што „летечкиот“ истакна дека тоа воопшто не ми пречи.

– Игравме во различни времиња. Неверојатен е, важи за еден од најдобрите во светот, па можеби и најдобар. Природно е да се прават споредби на играчи од различни ери и тоа ќе продолжи да се случува. Јас лично сум голем фан на Леброн и обожувам да го гледам, додаде сопственикот на Шарлот хорнетс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.