Последниот твит на легендарниот играч на Лејкерс, Коби Брајант, кој почина вчеравечер во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, веќе собра повеќе од 2,1 милиони лајкови и повеќе од 443 илјади ре-твитови.

Брајант му честиташе на напаѓачот на Лејкерс, Леброн Џејмс за тоа што го помина со бројот на поени во кариерата и се искачи на третото место на списокот најефикасни играчи во НБА. – Леброн Џејмс продолжува да ја придвижува играта напред. Голема почит кон брат ми. # 33644, – напиша Коби на својот профил на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.