Кошаркарот на Црвена ѕвезда Огнен Кузмиќ, утринава доживеа тешка сообраќајна несреќа по враќање од свадба во Бања Лука и со хеликоптер е пренесен во Белград, јавуваат српските медиуми.

Од Ургентниот клинички центар во Република Српска велат дека Кузмиќ се здобил со скршеници на лицето и вилицата, оток на мозокот и има набиенци во пределот на градите.

Според докторите, Кузмиќ е ставен на апарати за дишење и е итно префрлен во Клиничкиот центар во Белград поради сериозноста на повредите.

Кузмиќ патувал со 29-годишник кој е исто така сериозно повреден и кој се наоѓа на апарати за дишење.

Според локалните медиуми сообраќајната несреќа се случила кога се судриле „порше“ се кое се превезувал Кузмиќ и возило марка „БМВ“ во кое се превезувале двајца мажи на возраст од околу триесетина години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.