Шампионот во НБА лигата, Лос Анџелес лејкерс со пораз ја почна одбраната на трофејт освоен минатата сезона.

Подобар од „Езерџиите“ беше нивниот градски ривал Лос Анџелес клиперс, кој со победата 116.109 најави дека е сериозен кандидат да го преземе НБА тронот.

Клиперси од стартот почнаа во силен ритам, ја добија првата четвртина со 39:19, по што ја задржаа предноста до крајот. Шестмина во победничката екипа имаа двоцифрен број поени, а предводници во триумфот беа Пол Џорџ со 33 и Кавај Леонард со 26 поени.

Кај актуелните шампиони Леbрон Џејмс мечот го заврши со 22 поени, Ентони Дејвис со 18, додека Монтрезл Харел, кој летово дојде токму од Клиперс, постигна 17 поени.

Во другиот натпревар од првата НБА вечер, Бруклин нетс беа убедливи против Голден Стејт вориорс и славеа со 125:99. Овој натпревар беше одбележан со враќањето на паркетот на двете големи ѕвезди, Кевин Дурант кај Бруклкин и Стеф Кари во Голден Стејт, кои постигнаа по 22 и 20 поени, соодветно.

Сепак, Дурант ја имаше помошта од Кајри Ирвинг (26) и Карис Лаверт (20), кои надминаа 20 поени, додека во редовите на Голден Стејт, втор најдобар стрелец беше вториот избор од овогодинешниот драфт, Џејмс Вајзмен, кој дебитираше во лигата со 19 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.