Корона вирусот се заканува да биде причина поради која женската кошаркарска репрезентација нема да може да настапи во квалификациите za Evropskoto prvenstvo.

Нашите репрезентативки требаше да бидат дел од „балонот“ во Рига, на квалификацискиот турнир што се игра од 1 до 6 февруари, но тоа сега е сериозно доведено во прашање откако при задолжителните тестирања пред тргнувањето од Охрид, било утврдено дека има два позитивни члена на корона вирусот.

Како што информираат од КФМ, станува збор за двајца работници од стручниот штаб на женската селекција, но тоа е доволно за да се преземат сите мерки за заштита на останатите кои беа дел од подготовките во Охрид, што во превод значи дека минималните се шансите да се отпатува кон главниот град во Летонија.

Раководството на нашата федерација веќе е во постојана комуникација со ФИБА, поточно со генералниот секретар, Камил Новак. И во периодот кој следува, комуникацијата на највисоко ниво ќе продолжи. Ќе се бара најдоброто решение за заштита на здравјето на сите кои се дел од нашиот женски национален тим, а во многу скоро време ќе биде донесена и конечната одлука – се наведува во соопштението на Федерацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.