Кошаркарите на Далас маверикс го совладаа Милвоки бакс со 116:101 предводени од тандемот Лука Дончиќ – Крситапс Порзингис.

Дончиќ за влакно не оствари нов трипл-дабл, а натпреварот го заврши со 27 поени и по девет скокови и асистенции, додека Порзингис реализира 26 поени и 17 скокови.

На спротивната страна, Донте ДиВиченцо постигна 22 поени. Натпреварот беше израмнет се до последната четвртина кога играчите на Далас со серија од 13:2 избегаа на недостижни 110:97.

Во дербито за врвот на Западната конференција, третопласираните ЛА Клиперс славеа против вториот Феникс санс со 113:103.

Доминантен на оваа срдба беше Пол Џорџ, кој постигна 33 поени со шут за три седум од девет. Одличен беше и Кавај Ленард со 27 постигнати поени.

Кај феникс, Девин Букер постигна 24 поени, додека Микел Бриџис реализира 20.

Резултати од останатите натпревари:

Мајами – ЛА Лејкерс  110:104

Торонто – Чикаго  113:122

Оклахома сити – Кливленд  102:129

Сакраменто – Детроит  101:113

Јута – Портланд  122:103 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.