Славниот кошаркар на Црвена звезда, Милета Лисица, починал на 55-годишна возраст по долга и тешка болест.

Лисица е роден во Прибој во југозападна Србија, а почнал во локалниот Полиестер, од каде преку Слобода Тузла дојде до првиот тим на Црвена звезда во 1992 година.

Во наредните две сезони беше важен дел од тимот што освои две национални титули по две децении пауза. Во црвено-белиот дрес настапуваше во уште една сезона, а вкупно одигра 103 натпревари, на кои постигна 1.345 поени.

Беше најкорисен киошаркат во финалето на плеј-офот на Југославија во сезоната 1993/94, кога со звезда дојде до трофејот пред Партизан.

По Црвена звезда кариерата ја продолжи во тимови во Словенија и Франција, како Пивоварна Лашко, Ле ман и Лимож, каде што исто така остави длабока трага.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.