Новата 2020 година почна со тажна вест за кошаркарскиот свет и НБА лигата поконкретно.

На 77-годишна возраст почина поранешниот комесар на НБА лигата, Дејвид Стерн кој не успеа да се опорави од мозочниот удар доживеан на 17 декември. Стерн беше роден на 22 септември 1942 година во Њујорк, а на функцијата комесар на НБА лигата беше од 1984 до 2014 година како најдолговечен на оваа позиција во историјата на лигата.

Додека тој беше комесар во НБА лигата влегоа Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, можеби двете најголеми ѕвезди во поновата историја на кошарката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.