Кошаркарот на Шпанија, По Гасол стана еден од четворицата нови членови на Комисијата за спортисти на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

Од олимписката организација соопштија дека, покрај Гасол, во комисијата се избрани полската велосипедистка Маја Влошчовска, италијанската пливачка Федерика Пелегрини и јапонскиот мечувалец Јуки Ота.

Гасол е петкратен учесник на Олимпијадите, сребрен медалист во Пекинг 2008 и Лондон 2012 година, бронзен медалист во Рио 2016, светски шампион во 2006 година и трикратен европски шампион.

Шпанецот објави крај на своите настапи за националниот тим, откако неговата репрезентација вчера беше поразена од САД (81:95) во четвртфиналето на Олимпијадата во Токио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.