За искуството во НБА и во европските клубови, за ноќта кога го привеле во Њујорк, за страста кон автомобилите, за моментот кога го нокаутирал Леброн Џејмс. Ова се само дел од темите кои кошаркарската легенда Перо Антиќ ги раскажа во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре.

Антиќ и Жаре муабетеа и за приватниот живот на Перо, за синовите Лука, Павел и Петар, а шоуто го развеселија и игрите кои од оваа сезона повторно се враќаат.

Премиерата на првата емисија од 11. сезона на „Еден на еден“, гледајте ја во недела, на 27 октомври, во 18.30 на Канал 5. Мал дел од атмосферата на снимањето ви пренесуваме во најавата за емисијата:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.