Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет на 117. седница одлучи за нов претседател на Олимпискиот совет на МОК да го назначи Перо Антиќ. Некогашниот капитен на македонската кошаркарка репрезентација истовремено ќе биде и член на Управниот одбор на МОК.

Претседателот на Олимпискиот совет на МОК ќе работи во насока на развојот и омасовувањето на олимпиското движење во државата, но и ќе делува на планот на популаризација на спортот и олимпизмот во државата.

Покрај назначувањето на некогашниот капитен на македонската репрезентација, на оваа седница, УО на МОК ја усвои иницијативата на Меѓународниот олимписки комитет и на Меѓународните спортски федерации во кои членуват Националните спортски федерации од државата, за потпишување на меморандум за партнерство, соработка и почитување на основните принципи на автономија и незавиост меѓу олимписките и спортските организации и Агенцијата за млади и спорт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.