Перо Антиќ е изборот за нов претседател на Македонската Кошаркарска Федерација, откако поранешниот капитен на националниот тим „без борба и противник“ ќе ја добие битката за тронот. По синоќешното откажување на Владимир Темелковски, денеска и Петар Наумоски обелодени дека нема да учествува во гласањето. Така, Антиќ како единствен кандидат со валидна кандидатура беше избран од делегатите, добивајќи мандат во следните четири години да биде предводник на мак-баскетот, пишува Екипа.мк

Собранието на МКФ почна според планираното, во тек е изборот на Верификациска комисија, по што треба да мине и изборот на Антиќ, кој со акламација би требало да биде избран за претседател на куќата на кошарката.

Со ова конечно ќе се стави крај на турбулентниот период во мак-кошарката, а Антиќ со Тодор Гечевски како најблизок соработник и со својата „екипа“ ќе ја доврши оваа сезона и во текот на летото ќе подготви терен за забрзан развој на македонската кошарка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.