Го имате Горан Пандев, кому не му е тешко на 37 години да игра за репрезентацијата, а го имате Кирил Лазаров кој во петтата деценија гине за репрезентацијата. Ненад Димитријевиќ можеби треба ним да им објасни зошто не сака да игра за Македонија“, изјави денеска селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ, откако Димитијевиќ реши да не игра на за националниот тим.

Бајиќ му порача на Димитријевиќ (23) да се угледа на легендите од фудбалската и ракометна репрезентација.

Тој потенцира дека Нено треба да го следи примерот на Горан Пандев и на Кирил Лазаров, а не на 23 години да го ескивира настапот за националниот тим.

Според КФМ, Димитријевиќ прво побарал да задоцни две недели на подготовките во пресрет на претквалификациите за СП 2023, а потоа не дошол на тренинг без воопшто да даде било какво објаснување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.