Хилал Едбал, која беше во возилото во кое загина кошаркарската легенда Дражен Петровиќ, по долги години реши да раскаже низ каков пекол минала. Таа била другарка со Клара, тогашната девојка на Дражен која ја повикала да и прави друштво во автомобилот во Германија.

Во судирот во кој само Дражен загина, Клара помина со лесни повреди, додека Хилал го изгуби памтењето и не можела на ништо да се сети. Во моменти на тешка криза таа помислувала и на самоубиство.

Ми беше многу тешко.Долго време бев на терапии.Целосно го изгубив памтеењето.Не препознавав ништо во Минхен, градот во кој израснав. Каде и да отидев родителите ме враќаа назад во спомените- раскажува Хилал.

Клара сега е во брак со поранешниот германски фудбалски репрезентативец Оливер Бироф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.