Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ зборуваше за трката со Леброн Џејмс во гласањето за стартните петорки на НБА „Ол-стар“ натпреварот.

Џејмс и Дончиќ водат по третата рунда гласање на навивачите. Словенечкиот кошаркар има шанса да стане капитен на „Ол-стар“ тимот на натпреварот.

  • Ова е невообичаено. Мислам дека тоа нема да се случи, бидејќи се работи за Леброн. Но, тоа би било нешто посебно, рече Дончиќ.

Викендот на сите ѕвезди во НБА лигата ќе се одржи од 14-16 февруари во Чикаго

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.